Поранешниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола, одби да ги коментира шпекулациите за можното враќање на Нејмар во каталонскиот клуб.
Бразилецот може да биде дел од Каталонците вќе ова лето.
Нема да кажам ништо за Нејмар, ова не е моја работа, тоа си е работа на Барселона. Поминав многу време во овој клуб, па не сакам било какво мислење да биде погрешно протолкувано, изјави Гвардиола. На прашањето дали Нејмар и Гризман се компатибилни шпанскиот стручњак вака одговори:
– Сето тоа зависи од замислата на тренерот. Добрите играчи се секогаш добредојдени во добри тимови, а такви се наведените двајца.