Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, побара од раководството да му обезбеди уште засилувања во текот на летниот трансфер прозорец.

Во интервју за Кикер, хрватскиот стручњак рече дека Баерн треба да потпише уште четири играчи.

Досега составот на Баерн е надополнет со француските дефанзивци Лук Ернандез и Бенџамин Павар, за кои баварскиот клуб му плати 80 милиони евра на Атлетико, односно 35 милиони евра на Штутгарт.

Клубот на крајот од минатата сезона го напушти Френк Рибери, Арјен Робен, Рафиња, Хамес Родригез и Матс Хумелс. На Џером Боатенг му е предложено да си бара нова средина.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2019 16:03