Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека се уште не е подготвен да се врати на тренерската професија. 69-годишниот Французин минатото лето го напушти Лондон, тврдејќи дека не му треба посебен одмор и сака да се врати на почетокот на новата година. Сега, сепак, експертот, чие име беше поврзано со Њукасл во последниве денови, јасно го промени своето мислење.
Запрашан дали ќе се врати во професијата за почетокот на новата сезона, поранешниот менаџер на Арсенал рече: „Не, во блиска иднина не сум подготвен да се вратам, мислев дека ќе се вратам на почетокот на новата сезона, но во моментов не мислам така. Не можам да ви кажам дека по два или три дена ќе се вратам на менаџерската работа. Малку се дистанцирав и тоа ми се допаѓа. 35 години работев без прекин, па мислам дека заслужувам малку одмор“.
Запрашан дали ќе се врати во Премиер Лигата, Венгер одговори: „Јас повеќе би сакал да се пробам во друга држава, иако Премиер Лигата е место каде што секој сака да биде во моментов. Сепак, многу ми е тешко бидејќи поминав толку време во еден клуб. Но, зошто да не? Ми треба да помине уште малку време, а потоа ќе донесам одлука“.