Капитенот на бразилската фудбалска репрезентација Дани Алвес по четвртфиналниот меч на Купот на Америка со Парагвај (0:0, 4:3 на пенали) ги повика соиграчите добро да се подготват за следниот меч.

– Играчите на бразилската репрезентација сфатија дека денес е неопходно да се биде совршено подготвен тактички за Парагвај кој беше тежок ривал. Ние сме во одлична физика кондиција, нема да дозволиме опуштање. Било кој д ани се падне во полуфиналето ќе бара да бидеме добро подготвени. Треба да размислуваме во таа насока. Сега сме чекор поблиску до целта, а тоа е трофејот, истакна Алвес.

Бразил кој е домаќин на купот, во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Аргентина и Венецуела.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2019 15:20