Арбитражниот суд за спорт во Лозана (CAS) го одобри отстранувањето на Милан од учеството на европските натпреварувања во сезоната 2019/20. Италијанскиот тим нема да игра во Лигата на Европа поради повреда на финансискиот фер плеј (ФФП).

Така, на местото на Милан во квалификациите за ЛЕ ќе го игра Торино, додека Рома ќе започне од групната фаза.

Милан суспензијата ја доби заради прекршување на своите обврски за запазување на ФФП претходните три сезони.

Мнатата сезона „росо-нерите“ ја завршија на 5. место во Серија А.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2019 15:33