Францускиот шампион ПСЖ најде начин да се одмазди на италијанскиот хегемон Јувентус за Матаис де Лихт.

„Бјанконерите“ се на чекор од привлекување на капитенот на Ајакс, кој беше еден од главните трансферни цели во Париз.

Според „Газета дело Спорт“, ПСЖ ќе се обиде да го земе дефанзивецот на торинскиот тим, Леонардо Бонучи.

Французите веќе го истражиле теренот околу италијанскиот фудбалер кој се врати во „Старата дама“ минатото лето по неуспешната сезона во Милано.

Статусот на Бонучи во Јуве е загрозен по назначувањето на Маурицио Сари како тренер. Се претпоставува дека ќе во срцето на одбраната, тој ќе се потпре на капитенот Киелини и Де Лихт.

Покрај тоа, Сари е познат обожавател на Даниеле Ругани, со кого работел во Емполи, што значи дека за Бонучи веќе нема да има сигурно место во стартниот состав.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2019 13:42