Манчестер Јунајтед и официјално го објави трансферот на Арон Ван Бисака од Кристал Палас.

Преминувањето на десниот бек беше очекувано во последниве денови, откако сите неофицијални канали потврдија договор помеѓу двата тима во вредност од 45 милиони фунти и уште 5 во форма на бонуси. Вчера, првите неофицијални слики на младиот дефанзивец се појавија со дресот на „црвените ѓаволи“.

Ова е второто засилување летово за Јунајтед, откако велшкиот репрезентативец Даниел Џејмс беше привлечен од Свонси. Трансферот на Бисака е уште една потврда за промената на политиката на клубот и барање на млади британски таленти кои се гладни за успех.

Медиумите на Островот тврдат дека следната трансфер цел на Оле Гунар Солскјер е Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон, за кого се очекува да се водат интензивни преговори во текот на викендот



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2019 15:33