Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер го поздрави новото засилување на тимот, Арон Ван Бисака.

Денес, „црвените ѓаволи“ официјално го претставија дефанзивецот на Кристал Палас, кој дојде на „Олд Трафорд“ за 50 милиони фунти.

– Арон е еден од најдобрите дефанзивции во Премиер лигата. Тој има вистинска работна етика, талент и карактер да игра за Манчестер Јунајтед. Тој е идеален играч што го бараме да ни се придружи и да ни помогне да го кренеме нивото и да се развиваме. Арон е млад, жеден за успех и играч кој сака да учи, што е важно за еден човек од неговата возраст. Задоволен сум што потпиша со нас и сите сме желни да продолжиме да го развиваме неговиот неверојатен талент, рече менаџерот на Јунајтед.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2019 16:45