Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино прокоментира дека неговата улога во клубот е доста различна во споредба со некои од другите водечки клубови во Англија.
Аргентинецот објасни дека крајниот збор при трансферите не е негов, туку на претседателот на клубот Даниел Леви.
„Петлите“ се блиску до првото ново засилување од јануари 2018 година, Крилото на Лидс, Џек Кларк се очекува да се приклучи на Тотенхем, а клубот преговара и со Лион за халфот Танги Ндомбеле.
– Во Тотенхем, Челзи и Арсенал ја нема слободата која ја имаат Пеп Гвардиола и Јирген Клоп во Манчестер Сити и Ливерпул, изјави Почетино во интервју за шпанската телевизија.
Запрашан кој го има последниот збор за продажба на играчи како Хари Кејн, тој одговори: „Претседателот Даниел Леви. Не зависи од мене. Се разбира, го сакам Хари Кејн и ќе ме прашаат за мислење, но одлуката е на Даниел. Истата е ситуацијата и со Ериксен“.