Шпанскиот шампион Барселона има нова трансфер цел и покрај постојаните информации за привлекување на Нејмар и Антоан Гризман.

Според радио „Ла Ред“ се работи за Лаутаро Мартинез од Интер. Напаѓачот, кој во август ќе наполни 22 години, се претставува одлично на Копа Америка. Токму со последните настапи тој влегол во фокусот на Каталонците.

Според информациите, Мартинез има ослободувачка клаузула од 112 милиони евра. Интер го купи минатото лето од Расинг за само 14 милиони евра, плус 10% при идна продажба.

Стрелецот имаше добра деби сезона во Серија „А“. Во 35 меча во кои зеде учество тој постигна 9 гола и направи 2 асистенции. Со неговата продажба, „нероазурите“ ќе имаат средства за нивната голема цел – Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2019 13:06