Челзи официјално го објави купувањето на халфот на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ. На лондонскиот тим му беше дозволено да потпише со хрватскиот играч од средниот ред и покрај забраната за трансфери, бидејќи тој сè уште беше регистриран во клубот до крајот на јуни по земањето под кирија.

– Навистина уживав во мојата сезона во Челзи. Се чувствувам удобно во клубот и во Лондон и многу ја сакам Премиер лигата. Среќен сум што ќе останам тука долго време. Заедно поминавме добра година, освојувајќи ја Лигата на Европа и се надевам дека ќе продолжиме во ист стил, продолжи тој.

Изнајмувањето на Ковачиќ во Челзи од Реал истече на 30 јуни, но клубот од „Стемфорд Бриџ“ го финализира договорот пред да истече. Според медиумите во Англија, за Ковачиќ „сините“ ќе платат околу 45 милиони евра.

„Клубот му се заблагодарува на Матео Ковачиќ за сето она што го направи во текот на годините. Му посакуваме се најдобро во иднина“, напишаа од Реал Мадрид.

Сериозната повреда на Рубен Лофтус-Чик од крајот на сезоната ќе биде донекаде „заборавена“ по утврдувањето на Ковачиќ во тимот. Хрватскиот играч од средниот ред зеде учество во 32 натпревари во Премиер лигата минатата сезона за Челзи.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2019 10:06