Тренерот на Монако, Леонардо Жардим смета дека тимот сѐ уште не е комплетен и дека му требаат нови играчи.

Вчера Монако го купи фудбалерот од средниот ред на Атлетико, Гелсон Мартинс.

– Раководството на клубот работи на создавање конкурентен тим. Играчите знаат дека треба максимално да работат, дури и оние кои сакаат да го напуштат Монако. Нашиот состав не е целосен. Амбициите за новата сезона зависат од играчите кои ќе бидат на располагање. Составот ги одредува целите. Сакам да видам нови играчи за да создадам конкурентна средина. Секој се сеќава што ни се случило минатата година. Некои играчи имаа добра сезона, но ни треба поизбалансиран состав за да има конкуренција и високи амбиции, изјави Жардим.

Минатата сезона Монако едвај се избори за опстанок во француската Лига 1.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2019 15:19