Шпанскиот тренер Рафаел Бенитез застана на чело на кинески Далијан Ифан. 59-годишниот стратег ги потврди информациите во неговиот Твитер профил.

„По долг пат … почнуваме нов предизвик! Среќен сум да го почнам овој нов проект со Далијан Ифан“, напиша Бенитез. Во својот нов клуб тој ќе заработува околу 13,4 милиони евра годишно.

За последен пат, стратегот работеше во Њукасл, на чело на кој застана во март 2016 година. Бенитез не успеа да го спаси тимот од испаѓање во Чемпионшип дивизијата, но уште во следната сезона успеа да го врати во Премиер лигата. Минатата сезона „црно-белите“ завршија 13-ти во англиското првенство.

Далијан по 15 круга е 10-ти во кинеската Супер лига



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2019 17:46