Македонскиот напаѓач Влатко Стојановски денес бешепромовиран како нов играч на француски Ним.

Поранешниот играч на Ренова потпиша тригодишен договор со тимот од Лига 1. Стојановски ќе го носи дресот со број 17 во претстојната сезона.

Трансферот на Стојановски во Ним, кој беше најдобар стрелец во ПМФЛ во изминатата сезона, вкупно изнесува 1,5 милиони евра. Досегашниот негов клуб Ренова ќе добие 300 илјади евра како отштета за заминувањето на офанзивниот фудбалер.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2019 17:43