Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Виничиус Жуниор, призна дека доаѓањето во „кралскиот клуб“ на еден од најдобрите играчи во моментот – Еден Азар, ќе го намали неговото време на теренот.
Белгиецот долго време се обидуваше да пристигне во мадридскиот клуб, а сега тренерот Зинедин Зидан треба да го изгради тимот околу поранешниот играч на Челзи.
– Доаѓањето на Еден Азар создава ситуација во која би било потешко да играм, но тоа не е проблем за мене, се зависи од Зидан. Кога пристигнав во Реал, бев сосема поинаков играч. Научив многу од секој тренер, кој беше тука. Се развив тактички и ја губам топката поретко. Никој не сака да губи на тренинзите. Дури и Серхио Рамос и Карим Бензема, кои имаат над 30 години, тренираат повеќе од било кој друг и си поставуваат цели, рече 18-годишниот Бразилец.
Зинедин Зидан веќе покажа дека ќе се потпира на Виничиус и дека ќе биде дел од неговата постава, иако времето за играње ќе му биде поограничено од периодот кога на чело на тимот беше Сантијаго Солари.