Манчестер Јунајтед направи нова подобрена понуда за Давид Де Хеа, откако голманот одби да потпише нов договор со плата од 350.000 фунти неделно.

По 12 месеци, Де Хеа може да стане слободен агент и земајќи го во предвид овој факт, клубот од „Олд Трафорд“ се надева на напредок во преговорите со Шпанецот, инаку ќе треба да го продаде до крајот на летниот трансфер прозорец.

Според „Ивнинг Стандард“, 28-годишниот Де Хеа побарал надоместок во износ од 450.000 фунти неделно, колку што добива Алексис Санчез во клубот.

„Црвените ѓаволи“ на крајот се одлучиле да го подобрат својот предлог, но конкретни бројки не се споменуваат.

Единствено се знае дека на „Олд Трафорд“ чекаат брз одговор од голманот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2019 17:50