Тимовите на Атлетико Мадрид и Бенфика официјално го објавија трансферот на 19-годишниот Жоао Феликс.
Износот на трансферот е 126 милиони евра, откако беше активирана откупната клаузула на тинејџерот.
Ова е рекорден трансфер за клуб од шпанската престолнина, како и за Бенфика. Така, Феликс стана најскапиот Португалец, надминувајќи го Кристијано Роналдо, кој замина за Јувентус за 117 милиони евра.
Ова е петти најскап договор во историјата на фудбалот по оние на Нејмар, Килијан Мабе, Филипе Кутињо и Усман Дембеле.
Клубот ги обезбеди средствата за да го привлече благодарение на очекуваниот трансфер на Антоан Грозман, кој ќе биде за сличен износ.