Иднината на Пол Погба е меѓу најдебатираните ова лето, откако стана јасно дека не сака да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед. Двата големи фаворити за неговиот потпис се Реал Мадрид и Јувентус, а се уште не е јасно кој има поголема предност.

„Бјанконерите“ дури се подготвени да жртвуваат една од ѕвездите за да го привлечат во составот. Се работи за Паоло Дибала, а од италијанскиот шампион ќе се обидат да го понудат Аргентинецот плус пари за да ги убедат „црвените ѓаволи“.

Според медиумите во Италија, агентот на Погба – Мино Рајола, не сопрел да одржува контакти со Јуве, а спортскиот директор Фабио Паратичи е подготвен со понуда од 60-70 милиони евра, вклучувајќи и Паоло Дибала за Погба.

Минатата сезона светскиот шампион со Франција постигна 13 гола и асистираше за девет во 35 натпревари од англиското првенство. Неговиот договор со Јунајтед е до летото 2021 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2019 10:45