Барселона нема желба да го продаде Филипе Кутињо ова лето, тврди агентот на Бразилецот Киа Џорабчиан.

Истовремено, тој ги демантираше гласините дека халфот веќе се разбрал со Пари Сен Жермен, велејќи дека никој од францускиот клуб не направил контакт со него.

Кутињо во моментов е со бразилскиот национален тим, кој стигна до финалето на Копа Америка. Во последно време се појавија информации дека Ливерпул исто ја разгледува можноста да го врати Кутињо. Вчера пак каталонски „Спорт“објави дека играчот дал согласност да премине во францускиот шампион како дел од договорот за Нејмар.

– Пред неколку дена разговарав со Пеп Сегура (спортскиот директор на Каталонците) во Барселона. Тој ми рече дека клубот не сака да го продава Кутињо ова лето, без разлика што друго ќе се случи. Освен тоа, не сме имале никакви контакти со ПСЖ, изјави Џорабчиан за „РМЦ Спорт.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2019 13:23