Аргентинскиот фудбалски клуб Ривер Плата ја отвори вратата на својот стадион „Монументал“ за бездомниците.

Локалната метеоролошка институција предупреди дека температурите значително ќе паднат во текот на следните неколку дена.

– Од 6 вечерта во средата до следното утро сиромашните ќе добијат ќебиња и засолниште. Ние сме солидарни со луѓето кои живеат на улица, изјави Хуан Кар, кој работи за социјална организација и ги координира активностите во аргентинскиот клуб.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2019 13:49