Шпанската Ла Лига денеска на официјалниот твитер-профил го објави распоред на натпревари за првото коло од сезоната 2019/20.

Бранителот на шампионскиот трофеј Барселона му гостува на Ателтик.

Распоредот на натпреварите од 1.коло: Селта – Реал Мадрид Мајорка – Еибар Атлетико Мадрид – Хетафе Еспањол – Севиља Алавес – Леванте Валенсија – Сосиедад Бетис – Ваљадолид Леганес – Осасуна Атлетик Билбао – Барселона Виљареал – Гранада.

Предвидено е натпреварите да се играат на 18 август.

Големото шпанско дерби меѓу Барселона и Реал ќе се одржи на 27 октомври 2019 година на стадионот „Камп Ноу“. Во вториот дел од сезоната кога Реал ќе биде домаќин Ел класико ќе се игра на 1 март 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2019 18:37