Поранешниот фудбалер на Баерн, Арјен Робен, одлучи да ја заврши својата кариера, објави прес-службата на холандскиот национален тим.

Холанѓанецот на 30 јуни ги заврши обврските кон Баерн по што можеше да си бара друг клуб како слободен играч. Сепак, Робен се одлучи за фудбалска пензија.

Во сезоната 2018/19, 35-годишниот фудбалер настапи на 19 натпревари, постигна шест гола и забележа две асистенции.

Пред Баерн, Робен играше за Реал Мадрид, Челзи, ПСВ Ајндховен и Гронингем.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2019 20:04