Италијанскиот легендарен голман Џанлуиџи Буфон, рече дека не можел да ја отфрли поканата на Јувентус.

Денеска 41-годишниот Буфон потпиша едногодишен договор со актуелниот шампион во Серија А.

– Се враќам бидејќи поканата на „дамата“ не може да се одбие”. Се враќам, бидејќи ова е мојот дом! – напиша Буфон на својот Твитер.

Тој играше за Јувентус 17 сезони, од 2001 до 2018 година. Со торинскиот клуб девет пати го освојуваше шампионскиот трофеј во Италија.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2019 10:48