Легендата на Јувентус, Џанлуиџи Буфон е задоволен што може да ја заврши својата долга кариера во ист тим со суперѕвезда Кристијано Роналдо.

– На крајот од мојата кариера, успеав да играм со шампиони како Нејмар и Килијан Мбапе благодарение на Пари Сен Жермен. Сега тоа ќе се случи со Кристијано Роналдо благодарение на Јувентус. Мислам дека за играчи со моето искуство и историја, можноста да се стави крај на мојата кариера на овој начин е одличен подарок, вели Џиџи.

Тој им се заблагодари на Војчех Шчесни и Џорџо Киелини, кои му ги понудиле дресот со број 1 и капитенската лента.

– Јас сепак сум овде за да придонесувам, како и секогаш, а не да земам нешто од некого. Првиот голман мора да го има бројот 1, а Џорџо, кој е мој брат, мора да биде капитен. Ја го зедов дресот со бројот 77, кој е мојата приказна и онаа на Парма. Со него го обезбедив трансферот во Јувентус и тоа ме инспирираше, изјави Буфон за „Скај Спорт Италија“.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2019 14:42