Англиските клубови Манчестер јунајтед и Арсенал покажале интерес за Самеул Умтити кого неодамна, Барселона реши да ја стави на трансфер листа.
Топџиите сакаат да ја засилат својата одбрана за следната сезона, а според англиските медиуми, играчот на Барселона е на врвот на листата на приоритети.
Главниот проблем за Арсенал е дека за Умтити може да плати 45 милиони евра, додека Барселона бара најмалку 54 милиони евра, сума која не претставува проблем за Јунајтед, бидејќи Солскјаер сака да го зајакне својот тим а за тоа има доволно средства на располагање.
Французинот имаше многу проблеми со повредите минатата сезона и одигра само 15 натпревари за каталонскиот тим.