Даниеле де Роси одлучи да се откаже од фудбалот, тврди „Ил Темпо“.
Поранешниот капитен на Рома не доби нов договор од „волците“, што донесе големо разочарување кај фановите на тимот.
Играчот, кој ќе наполни 36 години овој месец, ја помина целата своја кариера на „Олимпико“.
Интерес кон него пројавуваат Сампдорија, Фиорентина, Милан, Болоња, клубови од САД и Бока Јуниорс. Де Роси сепак нема желба да се пресели со своето семејство и бил подготвен да се збогува со професионалниот фудбал.
Пред него е можноста да влезе во тренерскиот штаб на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.