Актуелниот играч на Атлетико Мадрид и поранешен на Челзи, Диего Коста би можел да се врати на Премиер лигата. Но, овојпат неговата дестинација нема да биде Лондон, туку Ливерпул.

Сопственикот на Евертон, Фархад Мошири побарал од управата на клубот да ја разгледаат можноста за донесување на Коста до крајот на преодниот рок.

Англиските медиуми додаваат дека Мошири во својата намера да го донесе шпанскиот напаѓач кај „сините“ од Ливепрул, подготвен е да плати голема сума на пари.

Инаку, во трите сезони во Премиер лигата кога играше за Челзи, Шпанецот постигнал 52 гола и освоил два шампионски наслови, статистика која покажува дека секоја екипа би сакала да го има во своите редови.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2019 12:39