Трансферот Антоан Гриесмана од Атлетико до Барселона, кој требаше да биде чиста формалност се претвори во вистинска војна помеѓу двата клуба.
Се започна откако на 1 јули клаузулата за откуп на Французинот се намали од 200 до 120 милиони евра, но Барселона не може веднаш да ја исплати целата сума од 120 милиони евра, додека не продаде еден од своите играчи.
Тогаш Каталонците побара од Атлетико да се согласи на исплата на рати, на што клубот од Мадрид се соглас под услов Барса да им го даде Нелсон Семеда, за што блаугрините не сакаа ни да слушнат и од тогаш водат рововска војна.
Како што пишува „Мундо депортиво“, оваа војна по се изгледа ќе ја реши самиот Гризман, кој го известил својот сегашен клуб дека тој самиот ќе плати 120 милиони за клаузулата и ќе стане слободен играч. Истиот извор тврди дека исплатата ќе биде направена многу брзо, така што се очекува Гризман да биде новиот играч на Барселона до крајот на оваа недела и да му се приклучи на тимот на 14 јули на почетокот од подготовките.