Шведските репрезентативки во фудбал ја освоија бронзата на Светското првенство кое годинава се одржува во Франција,
Швеѓанките до бронзениот медал, дојдоа откако ја поразија репрезентацијата на Англија со резултат 2:1.
Сите голови беа постигнати во првото полувреме.
За Швеѓанките ова е трета бронза на светските првенства (1991, 2011, 2019), а најдобриот резултат го постигнаа во 2003 година кога беа сребрени.
Инаку, денеска се игра финалето на Светското првенство 2019 каде на дуел ќе се соочат трикратните светски шампионки и бранителки на шампионската титулата, фудбалерките на САД и Холандија, кои се актуелни европски шампиони.