Мексико ги победи САД со 1-0 во финалето на „Голд Купот“ и заслужено го освои трофејот.

Дуелот се одигра на „Солџер филд“ во Чикаго, но Мексиканците имаа солидна поддршка од трибините и успеаја да го совладаат тимот на Грег Берхалтер со прекрасниот гол на Џонатан Дос Сантос во 73. минута.

Трофејот е прв за Мексико под водство на Герардо Мартино.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2019 11:19