Спортскиот директор на Интер, Џузепе Марота го потврди интересот на клубот кон Един Џеко, Ромелу Лукаку и Николо Барела, а исто така изјави дека Интер е подготвен да преговара со секој за продажба на Мауро Икарди.

Марота изјави за „Скај Спорт Италија“ дека засега нема ништо конкретно за Икарди.

– Подготвени сме да преговараме со секој што сака да го купи Икарди, оценувајќи ја вредноста на играчот. Џеко и Лукаку се многу интересни играчи кои имаат различни квалитети. И двајцата се наши цели, јас нема да го негирам ова, изјави Марота.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2019 13:07