Андер Ерера откри дека една од причините зошто не останал во Манчестер Јунајтед е дека клубот доцна започнал преговори за нов договор. Минатата недела Шпанецот потпиша петгодишен договор со Париз Сен Жермен, откако неговиот договор со „црвените ѓаволи“ истече кон крајот на јуни.

Дваесет и девет-годишниот Ерера пристигна на „Олд Трафорд“ во 2013 година. Тој одигра 189 натпревари за Манчестер Јунајтед, а последните месеци Оле Гунар Солскјер се потпираше многу на него. Менаџерот сакаше Шпанецот да остане во клубот. Шефовите, сепак, дадоа приоритет на новите договори на другите играчи, како што се Антони Марсијал, Скот Мектомини, Ешли Јанг, Маркус Рашфорд… Тие понудија договор на Андер во март, кога веќе постигна договор со ПСЖ.

– Не сакам да гледам во минатото, но имало разлики во врска со проектот и мојата улога во тоа. Бев многу среќен. Имам за што да му се заблагодарам на клубот, на навивачите и на Солскјер. Тој направи многу за да останам, но работите не излегоа како што посакувавме. Тие доцна понудија договор, а тогаш веќе решив да играм во Париз, рече Ерера во интервју за „Марка“.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2019 14:39