Милан нема намера да го продава голманот Џанлуиџи Донарума и покрај тврдењата во францускиот печат дека Пари Сен Жермен е заинтересиран за 20-годишниот репрезентативец на Италија.
– Нашата идеја е да го задржиме Донарума долго време. Тоа е нашата позиција во моментот, рече техничкиот директор на тимот. Паоло Малдини за „Фудбал Италија“.
Донарума се проценува на 50 милиони евра, но износот на неговите права веројатно ќе се зголеми драстично после неодамнешните трансфери на голмани како Алисон Бекер и Кепа Аризабалга.