Семјуел Л. Џексон и комичарот Крис Рок се меѓу позвучните имиња во новото продолжение на хорор-серијалот „Пила“.

Двајцата познати глумци ќе глумат татко и син, а Рок е во улога на детектив кој ја истражува серијата убиства. Покрај нив, во филмот ќе глумат и Макс Мингела и Марисол Николс. Други глумци засега не се соопштуваат.

Продукциската куќа Лајонсгејт истовремено соопшти дека филмот е веќе во продукција и дека всушност не се работи за класично продолжение, туку за поглед од поинаков агол на приказната.

Крис Рок е и сценарист, заедно со Пит Голдфингер. Режисерската палка му припадна на Дарен Лин Бусман.

Премиерата е закажана за октомври 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2019 13:28