Денес е ден за официјална презентација на „Камп Ноу“. Барселона потпиша договор со голманот Нето кој дојде од Валенсија за 26 милиони евра плус девет милиони.

Бразилецот парафираше договор до 2023 година. Тој го зема бројот 13, кој го остави Јаспер Силесен.

Неговата клаузула за откуп изнесува 200 милиони евра.

Нето ја прифати улогата на резерва на Марк-Андре тер Штеген за натпреварите во Примера и Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2019 14:16