Шпанскиот гигант Реал Мадрид продолжува да е меѓу топ клубовите кои трошат најмногу пари на трансфер пазарот. Единствено Манчестер Сити почнувајќи од сезоната 2008/2009 година потрошил повеќе од „белите“, пишува „АС“.

Кралскиот клуб има инвестирано во нови играчи 1,46 милијарди евра, а „граѓаните“ се доста понапред – 1,75 милијарди.

Реал ги привлече Кристијано Роналдо (94 милиони евра), Кака (60 милиони евра), Карим Бензема (35 милиони евра), Чаби Алонсо (34,5 милиони евра),како и Анхел ди Марија (33 милиони евра), Лука Модриќ (35 милиони евра), Герет Бејл (100 милиони евра), Иско (30 милиони евра), Хамес Родригез (75 милиони евра).

Манчестер Сити зеде имиња како Робињо, Карлос Тевез, Един Џеко, Серхио Агуеро, Кевин де Бруин и други скапи ѕвезди, кои ја кренаа многу класата на тимот, а соодветно и успесите не задоцнија.

Третата позиција е за уште еден шпански тим – Барселона.

10 тима кои потрошиле најмногу пари во последните 10 сезони:

1. Манчестер Сити – 1,75 милијарди евра 2. Реал Мадрид – 1,46 милијарди евра 3. Барселона – 1,44 милијарди евра 4. Челзи – 1,4 милијарди евра 5. Јувентус – 1,24 милијарди евра 6. Манчестер Јунајтед – 1,21 милијарди евра 7. Пари Сен-Жермен – 1,2 милијарди евра 8. Ливерпул – 1,12 милијарди 9. Атлетико Мадрид – 983,56 милиони евра 10. Интер – 935, 56 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2019 19:30