Вест Хем упатиле предлог кон Јувентус за Гонзало Игуаин. Според „Скај Италија“, понудата била за изнајмување за една сезона. Сепак, „бјанконерите“ претпочитаат да го продадат аргентинскиот напаѓач, за кого сакаат околу 36 милиони фунти.

Во втората половина на претходната кампања, Игуаин беше позајмен во Челзи со пет гола во 18 натпревари. Сепак, „сините“ одлучиле да не го привлече трајно и Аргентинецот да се врати во Јуве.

Вест Хем бара напаѓач откако Марко Арнаутовиќ, Ендру Карол и Лукас Перез го напуштија тимот ова лето. „Чеканите“, исто така, се обидуваат да го земат Макси Гомез од Селта, но засега не можат да се разберат со шпанскиот клуб за структурата на плаќањето на клаузулата за ослободување.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2019 13:05