Централниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку не учествуваше во последниот тренинг на клубот на австралиската земја и тоа ги потхрани гласините дека неговата продажба во Интер е прашање на време.

„Манчестер Ивнинг Њуз“, повикувајќи се на свои извори, информираат за „ситен проблем“ со белгискиот репрезентативец. Според нив, од клубот се довериле на „чувството“ дека не треба да го ризикуваат на каков и да е начин здравјето на 26-годишниот играч.

Новинарот Кристоф Теру изјави дека Лукаку се посветил на работа во салата. Сите овие информации доаѓаат во пресрет на последната понуда на Интер во Манчестер Јунајтед. Италијанците изразија подготвеност да платат 70 милиони евра за Лукаку на 3 рати.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2019 16:05