Бразилецот Дани Алвеш може да се пресели во Манчестер Сити како слободен агент, вели „Глобо Еспорте“.
Тој моментално нема тим откако го прекина својот однос со ПСЖ и е во процес на барање на следниот фудбалски предизвик.
Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола добро го познава и верува дека може да заврши одлична работа со своето големо искуство.
Во последната сезона тој зеде учество во 34 натпревари и постигна 3 гола за францускиот шампион.
И покрај тоа што тој е во многу напредна фудбалска возраст, тој воопшто не отстапува од помладите играчи и тоа го докажа во ПСЖ.