Крилото на Манчестер Сити, Лерој Сане уште мисли за Баерн Минхен и е подготвен за трансфер во текот на летото, информира „90мин.дe“.
Пред неколку дена, беше објавено дека германскиот репрезентативец се чуствувал навреден од Баварците поради фактот што го одбиле пред неколку години, кога тој се уште го носеше дресот на Шалке.
Сане не е задоволен од статусот резерва во Манчестер Сити од крајот на минатата сезона и се плаши дека ситуацијата за него нема да се промени. Поради оваа причина, тој почна да се прашува дали преминувањето во Баерн ќе биде вистинска одлука за него.
Тимот од Минхен итно бараат ново крило по заминувањето на легендите Френк Рибери и Ариен Робен. На Лерој дури му се ветува стартно место за да остави трага во најуспешниот германски клуб.
Сити е подготвен да го продаде Сане за околу 100 милиони евра за да има свежи пари за купување на бразилскиот репрезентативец Евертон, информира „Скај Спортс“.