Манчестер Јунајтед ќе мора да плати 50 милиони фунти за младиот фудбалер на Њукасл, Шон Лонгстаф, ако сака да го привлече, пишува весникот „Сан“.
Се шпекулира дека „црвените ѓаволи“ фрлиле око на играчот и неодамна направија барање за него, но останале шокирани од високата цена барана од „страчките“.
Се смета дека 21 годишниот млад играч е една од најсериозните цели на Оле Гунар Солсккјер за новата сезона, иако минатата сезона одигра само 9 натпревари во првенството, кои сепак очигледно биле доволни за да убеди многумина дека поседува квалитети.
Извршниот директор Ли Керни, сепак, бил доста категоричен кога Ед Вудворд го прашал за цената на Лонгстаф. Од друга страна, сепак, може тоа е можнст за Њукасл да добие колку што е можно повеќе пари за играчот од средниот ред, кој всушност не чини 50 милиони.