Македонскиот репрезентативен голман, Дејан Илиев (24) го напушти Арсенал.
Откако не се качи на авионот за предсезонските подготовки на „топџиите“ во САД, Илиев потврди дека следната сезона ќе ја мине на позајмица во словачки Серед.
Инаку Илиев бранеше само за младинскиот тим на Арсенал и не доби шанса за докажување во првиот тим.
Минутажата која ќе ја добие во словачкото првенство, дефинитивно ќе му даде повеќе шанси за да се избори за стартното место во „жолто-црвениот“ дрес