Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, потврди дека клубот направил официјално барање за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку, соопшти самиот тој за „Скај Италија“.
– Се сретнавме со Манчестер Јунајтед за Лукаку. Имаше официјално барање меѓу двата важни клубови. Ќе видиме што ќе се случи. Конте го сака секој играч, со кој се обидуваме да потпишеме, рече Аусилио.
Според информациите, белгискиот репрезентативец нема да биде прв избор за напад на Оле Гунар Солскјер во новата сезона, но сé уште не е постигнат договор по одбивањето на првичната понуда за двегодишен престој под наем во Милано.