Нејмар не покажал непочитување кон ПСЖ, избирајќи го нивниот пораз со 1:6 од Барселона како омилен фудбалски спомен, смета таткото на Бразилецот.
Ѕвездата се приклучи едвај денес кон предсезонските подготовки на француските шампиони, а неговата желба да го напушти тимот во насока обратно на „Камп Ноу“ е општо позната. Таткото на напаѓачот сепак негира дека неговиот син наштетил на имиџот на неговите сегашни работодавци.
– Мојот син не покажа непочитување кон ПСЖ или кон играчите кои играа пред 2 години. Некои од нив се негови соиграчи. Тој се сеќава на овој меч како еден од најважните во својата кариера. Мојот син е фудбалер на ПСЖ, но не може едноставно да ја заборави својата историја, која на крајот го доведе во Париз, изјави Нејмар постариот, бранејќи го својот син.
За играчот доаѓа важна недела. Тој ќе треба да се сретне со спортскиот директор на ПСЖ Леонардо, како и со тренерот Томас Тухел, за да бидат разјаснети намерите на играчот.