Северна Кореја денеска најави дека би можела да ја прекине својата 20-месечна суспензија за нуклеарни и ракетни проби заради американско-јужнокорејските воени вежби, што ги доживува како подготовка за евентуална инвазија.

Претстојните редовни летни воени вежби на САД и Јужна Кореја ќе ја присили Северна Кореја повторно да размисли за тоа дали да се посвети на ветувањата што ги има дадено кон САД, соопштија официјални претставници на оваа земја, пренесени од американските медиуми.

Во соопштението се наведува дека американскиот претседател Доналд Трамп, во текот на првиот и третиот состанок со лидерот Ким Џонг Ун, ветил дека ќе ги прекине воените вежби со Јужна Кореја, но планираните летни воени вежби со Сеул и распоредувањето оружје на југот покажуваат дека Вашингтон не го исполнува својот дел од ветувањето.

Со оглед на фактот дека САД еднострано ги отфрлија своите обврски, постепено го губиме оправдувањето да продолжиме со обврските кои ги презедовме во договорот со него, се наведува во соопштението кое го пренесе официјалната севернокорејска агенција КЦНА.

Во соопштението уште се наведува дека Северна Кореја не е обврзана со никави законски документи да ги прекине своите нуклеарни и ракетни тестирања.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2019 03:21