Рома постигна договор со Аталанта за трансфер на Џанлука Манчини.

Како што пренесува „Скај спорт Италиа“ трансферот е вреден 26 милиони евра, но Римјаните првин ќе и платат на Аталанта два милиона за едногодишна позајмица.

Останатиот дел од 24 милиони евра од договорот за младиот фудбалер „волчицата“ ќе треба да го плати на крајот на сезоната, од кои пет милиони ќе бидат бонуси.

Манчини во 2017 година стигна во Аталанта од Перуџа за 300 илјади евра, а минатата сезона постигна 6 голови на 35 натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2019 10:00