Бекот на Тотенхем и англиската репрезентација Киран Трипиер заминува во Атлетико Мадрид.
Според „Гардијан“, Спурсите од оваа зделка би добиле 22 милиони евра и бонуси, а дека веста е точна зборува и фактот дека Трипиер не заминал во Сингапур каде што неговата екипа ги врши своите подготовки за следната сезона.
Истиот извор наведува дека англискиот репрезентативец останал да ги договори деталите околу неговиот трансфер, и дека истиот утре треба да го заврши лекарскиот преглед.
Минатата сезона не беше сјајна за бекот на Тотенхем, така што неговиот тренер Покетино одлучил да го продаде за да донесе ново засилување во Тотенхем.