Како што се очекуваше, Стив Брус официјално беше назначен за главен тренер на Њукасл со 3-годишен договор. Сопственикот Мајк Ешли плати 4 милиони фунти на Шефилд Венздеј за неговите услуги.

Заедно со 58-годишниот стратег, кој исто така е фан на клубот и роден во Тајнсајд, ќе работат неговите долгогодишни асистенти Стив Агну и Стивен Клеменс.

– Јас сум среќен и многу горд што сум во можност да бидам главен тренер на Њукасл Јунајтед. Ова е клубот што го поддржувам од дете, исто така клуб на мојот татко, така што она што се случува е многу посебен момент за мене и за моето семејство. Очекуваме сериозен предизвик, но јас и мојот тим сме подготвени за тоа. Ние ќе ги засукаме нашите ракави и ќе се потрудиме да направиме навивачите да се гордеат со тимот, додаде тој.

Брус и неговиот тим веќе пристигнаа во Кина, каде што денес Њукасл игра против Вулверхемптон на Купот на Премиер лигата во Азија. Тие ќе го предводат тимот во сабота на вториот натпревар против Манчестер Сити или Вест Хем на турнирот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2019 13:38