Вест хем официјално го претстави Себастијан Халер, кој стана најскапиот играч во историјата на лондонскиот клуб.

За услугите на 25-годишниот напаѓач, Вест Хем понуди петгодишен договор кој изнесува 47 милиони евра, што го прави поскап дури и од Фелипе Андерсон, кој минатата година дојде во лондонскиот клув за 43 милиони евра.

Халер ќе добие 39 милиони од договорот, а остатокот ќе му биде исплатен на германскиот клуб Ајнтархт во форма на бонус.

Инаку, минатата сезона Халер во 41 настап за Ајнтрахт постигна 20 гола и 12 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2019 22:17