Баерн Минхен е подготвен да му плати на Еспањол 30 милиони евра за услугите на нивниот играч за врска Марко Роко.

„Марка“ пишува дека германскиот шампион веќе ги договорил сите услови со Роко, но не е подготвен да ја плати отштетната клаузула од 40 милиони евра, и дека нивната понуда гласи 30 милиони евра.

Роко неодамна го освои европското првенство со Шпанија до 21 година, а последната година и пол е стандарден во првата постава на Еспањол.

Инаку, Баерн Минхен сака уште засилување иако клубот го собори рекордот во овој преоден рок со тоа што досега потроши 118 милиони евра, односно милион и пол повеќе од рекордот од 2017 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2019 22:19